Манифестацијата „Етно вешта жена” од републички карактер, ќе се реализира во недела во неготинското село Курија, информираше денеска Лилјана Вучкова, претседател на организацијата „Вешта жена” од Неготино.
– Очекуваме до 1.500 вешти жени од целата држава. Сите тие ќе се претстават со етно специјалитети од својот крај. Вештите изработки ќе бидат на продажба, а собраните финансиски средства ќе се донираат на локалната црква „Свети Ѓорѓи”. Очекуваме и многу други гости, а за сите присутни ќе биде обезбедено бесплатно гравче за ручек. Присутните ќе се забавуваат со жива свирка, соопшти Вучкова.
Таа се заблагодари за поддршката на општината Неготино и спонзорите кои ја помогнале организацијата на манифестацијата.
Минатата година, домаќин на етно вештите жени од државата, беше кавадаречкото село Чемерско.