Вечните во клинч поради Џеко

55

Вечните ривали од италијанската Серија А, Интер и Јувентус, со големо внимание ја следат ситуацијата околу босанскиот интернационалец од редовите на Рома, Един Џеко. Пред неколку дена, искусниот напаѓач имал жолчна расправија со предводникот на „волчицата“, Пауло Фонсека, кој веднаш го информирал дека сигурно нема да биде во комбинација за првенствениот дуел против Специја. Поради таквиот однос, Џеко побарал од клупските челници веднаш да го продадат, а официјалнат понуда не смее да биде помала од 10 мил. евра.