Најголемите ривали во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на англискиот второлигаш Ватфорд, Исмаила Сар. Одличниот играч за врска сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок, но раководните лица на Ватфорд посакуваат официјалната понуда да не биде помала од 40 мил. фунти.