“Вечер” открива: Зошто пејачките немаат среќа во љубов со ватерполистите?

260

Браковите или љубовните врски помеѓу пејачките и ватерполистите се честа појава на овие наши географски простори. Така на времето многу врева се крена кога во бракот стапија тогаш многу популарната (екс) југословенската пејачка, првата дама на забавната музика Тереза Кесовија и (екс)југословенскиот ватерполист златното момче од Олимписките базени во Мексико, Роналд Лопатни. Тие двајцата се запознале преку новинарката Силвија Лукс после една театарска претстава, додека Тереза се уште беше во првиот брак со Миро Унгар.

Но, бракот на Тереза со Лопатни траеше 14 години. Немаа деца, а по разделбата која беше во најмала рака скандалозна, медиумите во тогашната Југославија пишуваа дека Лопатни на Тереза и ги испразнил сите банковни сметки оставајќи ја пејачката буквално без пари. Ни таа после многу години не му останала должна па, пред две-три години додека ја пишуваше својата автобиографска книга се присети дека причината за нивниот крај не беа парите, туку тоа што Роналд сочно и ја опцул починатата мајка а, тоа Тереза не можеше да му прости. И тука бракот конечно пукна!

Исто така и бракот помеѓу ватерполистот Данило Икодиновиќ и српската пејачка Наташа Беквалац не траеше долго. После некоја година се разведоа со голема нетрпеливост, а Наташа во солзи привремено замина со својата ќеркичка кај своите родители. Јавноста беше збунета, додека Наташа преку весниците го обвинуваше Данило за брачниот бродолом. Деновиве по празниците пристига уште една веста за разделбата помеѓу пејачка и ватерполист. Станува збор за познатата Ана Кокиќ и познатиот српски ватерполист Никола Раѓен. После 10 години заедничко живеење тие одлучиле да се разделат. И ако до сега за нивната разделба само се шпекулираше, сега тоа е дефинитивно точно. После се, кажете дека зарем нема нешто фатално во тие пејачко-ватерполо врските?    Дуле М.