Токму поради нејзината природна харизма ја запрашавме дали имала прилика да се омажи и дали била заљубена. „Од 14 години сум имала многу прилики, но татко ми викаше ќе те мажиме во град. Сите девојчиња тогаш бегале во град или во Турција. Но не било така, среќата била таква… Илјада ме сакале, еден не одбрав, дали било до среќата до што е, не знам, така требало да биде… од Господ. Пред мајка ми почина татко ми, па мајка ми се разболе и останав да ја чувам“, со тага во гласот се потсетува Атиџе на мајка ѝ која почина во текот на снимањето на филмот.

За своето патување по Оскар вели: Со господ напред, се спремам за Оскар. Да, имам облека, а косата ќе биде според облеката. Јас сама ќе се облечам, ќе се дотерам, вели Атиџе Муратова со која бевме на кафе-муабет, тука во Скопје.

 

„Додека ме држат нозете пчеларството нема да го оставам, а кога нема да ме држат, е тогаш ќе седнам вака како што седам сега со вас и ќе почнам да пеам“, изјави за весникот Вечер хероината на македонскиот документарец „Медена земја“ Атиџе Муратова со која бевме на кафе-муабет, тука во Скопје.

Пчелите се, сепак, она за што Атиџе најмногу сака да зборува и токму за нив ни раскажуваше со најмногу жар. На нашето прашање дали и понатаму ќе чува пчели кога од нејзината Бекирлија ќе се пресели во новата куќа во селото Дурфулија добиена од продукцијата на „Медена земја“ таа вели дека од нив никогаш нема да се откаже.

„Од филмот Медена земја добив куќа и затоа ги сакам пчелите и додека сум жива ќе ги чувам. Една нека е кошничка, ама ќе ги чувам, не се откажувам“. Ја прашавме и дали ќе купи кошници и ќе ги чува во својот нов двор.

„Пчелите и кошниците можат да се пренесат зимно време, ама мора да има природа. Овдека прскаат, а таму не е загадено. Во природа е поубаво за пчелите, во Бекирлија. Тука ќе се отрујат. Во Овчеполието има многу лозја и се прскаат, затоа мора да бидат настрана во шума, да не бидат во населено место. И ако сакаш мед рани ја пчелата, како што велам јас, пола на мене пола на пчелата дај ѝ. Пола на пола мора да се дели“, додава Атиџе, која чиниш цел ден би зборувала само за пчелите.

Таа покрај пчелите има и една крава и едно теленце и, како што вели, и нив ќе ги донесе во новата куќа.

„Доста ми е толку. Градиме едно местенце во дворот на новата куќа и таму ќе ги чувам. Јас и овци и крави сум молзела и пасев и чував стока. И ништо не ми е тешко“, додава Атиџе чија скромност се гледа од секој изговорен збор.

Со оглед дека зборувавме за новата куќа, ја запрашавме и дали ѝ е тешка преселбата во новиот дом.

„Сега се навикнав, прво ми беше тешко и си викам како ќе излезам на крај сега, таму си имав трева, бавча… Селска куќа е тоа, не може да биде како градска. Погледнав накај Богословијата, се гледаат ридиштата и сега од ден на ден сè поубаво се чувствувам“, ни објаснува Атиџе, на која во новата куќа, како што вели самата, ништо не ѝ недостасува. Едноставно ни одговори: „Имам сè! Филмаџиите ми донесоа фрижидер, шпорет, масичка, средена е внатре… Сега ми се јави и еден човек и ми вика телевизорот од мене ќе ти биде. Значи, сè што имам е тоа што ми дале, јас ништо не сум побарала. И пола чашка вода да имам и од тоа сум задоволна“, вели скромно таа. „Еве и овој шал што го носам ми е подарок од една жена од Скопје, ќерката ѝ го испратила од Америка… Доаѓаат луѓе ме посетуваат сега. Од Скопје најповеќе доаѓаат, и од општината дојдоа да ме посетат. Некои пак, се враќаат заради патот, оти е далеку. Но, јас сум учена кој да ти тропне на врата не го враќај…“

Таа самата вели дека три и пол часа пешачи од домот во Бекирлија до новиот дом во Дурфулија. „Кога е потребно, она најважното, лековите да се земат… Но и јадењето, не е едно… За превозот летно време кога одиш по патот некој ќе сретнеш, и ќе те земе… Има луѓе чуваат крави и носат млеко од едно село тука, и некои што одгледуваат пчели кај реката, а зимно време има ловџии. Ќе сретнеш некој… но секој пат нема…“. За возило, вели дека нема “школо” за да може да вози. “Не знам да возам, но можам, и таа работа да ја научам. Друг нека ме вози, не можам да стасам“.

Не ѝ пречи големото медиумско внимание. Отворено и искрено зборува за сè што ја прашуваме. „Не, не ми пречи воопшто, бидејќи доколку го знам јазикот воопшто не ми е тешко да одговарам на прашањата. Да не го знаев јазикот тогаш ќе беше тешко. Веќе се навикнав и на камерите, и на луѓето и уште толку луѓе да има, нема да ми пречи“, насмеано одговара.

Запрашана за патувањата со филмската екипа на “Медена земја“ со воодушевување ни одговара дека си поминала многу убаво.

„Цел свет да го прошетам, сега немам гајле. Имаше една актерка во Америка која дојде да ме види, не ѝ го знам името. Го гледала филмот. Ме гушна и тоа многу ми беше мило…“, вели таа, напоменувајќи дека никогаш не ги знаелa имињата на актерите. Филмови некогаш гледала, но многу сака да слуша песни. На Сараевскиот фестивал сретнала филмаџии од Турција со кои си размениле мислења околу филмот “Медена земја“.

Атиџе која секогаш живеела со природата никогаш не може да се замисли како актерка. „Бидејќи јас сум природна и таков филм направивме, природен“, вели Атиџе која нè освои со својот шарм.

Токму поради нејзината природна харизма ја запрашавме дали имала прилика да се омажи и дали била заљубена.

„Од 14 години сум имала многу прилики, но татко ми викаше ќе те мажиме во град. Сите девојчиња тогаш бегале во град или во Турција. Но не било така, среќата била таква… Илјада ме сакале, еден не одбрав, дали било до среќата до што е, не знам, така требало да биде… од Господ. Пред мајка ми почина татко ми, па мајка ми се разболе и останав да ја чувам“, со тага во гласот се потсетува Атиџе на мајка ѝ која почина во текот на снимањето на филмот.

Како што е познато, „Медена земја“ постигна историски успех откако доби две номинации за престижната награда „Оскар“ во категориите за документарни и интернационални остварувања што за првпат му се случува на македонски филм. Ова очекувано ја зголеми заинтересираноста на јавноста за филмот, но најповеќе за главната хероина која за своето патување по Оскар вели: Со господ напред, се спремам за Оскар. Да, имам облека, а косата ќе биде според облеката. Јас сама ќе се облечам, ќе се дотерам…

На самиот крај на разговорот ја прашавме дали е среќна, таа вели: Секој ден е сè подобро, од ден на ден одам сè понапред. Фала му на господ сè се средува…

Д.Т.-Н.И.Т.

фото. Н.Батев