Ако мислите дека супер месечината во март беше спектакуларна, тогаш што ќе кажете за вечерва кога на небото ќе ја видиме месечината во розово?! Супер розовата месечина е најголема и најблескавата супермесесечина оваа година. Зошто оваа појава вечерва, која се гледа само ако ја кренете главата кон небото, се вика розова месечина? За жал, името розова месечина не е добиено зошто таа е розова, туку по северноамериканското растение кое се вика”розов мов”, која цвета во исто време кога на небото има полна месечина. Супер „розовата месечина” ќе се појави вечерва и може да се види откако ќе зајде сонцето. Со голо око ќе може да се види уште неколку дена.

 

Како таа ќе влијае на луѓето?

Полната месечина во Терезија, денеска го зголемува ризикот поврзан со пандемијата на коронавирусот. Полната месечина прави аспект со Непутун, кој е поврзан со нерамнотежа на здравјето. А Нептун е планета на болести и инфекции, пишуваат oprahmag.com, astrologyking.com

На полната месечина влијае и аспектот на Марс квадрат Уран. Ова импулсивно влијание ги прави луѓето бунтовни и агресивни. Јупитер во конјукција со Плутон ги засилува ризиците, но позитивниот аспект на Меркур дава разбирање и здрав разум. Тоа значи дека паметното размислување и соработката со пријатели и соседите е клуч на сигурност и релативна среќа во текот на тешката месечева фаза.

Сонцето во опозиција со Месечината прави да имаме поголем фокус на домот, семејството и интимните односи во текот на следните две недели. Спротивните сили како што се работата во однос на семејството или тоа што ви е потребно, во однос на тоа што го сакате, ќе создадат внатрешна напнатост и надворешен притисок. Тоа може да доведе до конфликт и криза која исцрпува многу енергија. Затоа искористете ја зголемената емоционална сила и интуиција за да ги надминете сите предизвици. Потсвеста овозможува непристрасен и урамнотежен поглед на вашите лични односи. (Л.Г.Д.)