Вечерва спектакл на небото: Подгответе се за „пикот“ на метеорскиот дожд

828

Секоја година меѓу 17. јули и 24. август на небото се слушува спактакл наречен дожд од метеори Персеиди. Ако сте меѓу вљубениците на ѕвезденото небо, ноќва и утревечер најдете убаво, мирно и повисоко место од кое ќе уживате во „ѕвездениот дожд“, кога ќе биде најинтензивен.

Најдобрите услови за набљудување на дождот на Персеидите ќе биде од 22 часот до наредното утро.

Дождот од таканаречени „метеорски роеви“, е специфичен по метеорите кои се многу „поогнени” и посветли од типичните. Секоја година тие го прекриваат небото кога Земјата се разминува со кометата Свифт Татл, а потоа ситни парчиња од кометата се судираат со нашата атмосфера и така прават „огнени топки”.

Неколку илјади тони различни честички и прашина летаат во нашата атмосфера секоја година, огромен број од овие честички ќе согори во атмосефарата и нема да стигне на Земјата, но некои од нив ќе „преживеат“ и ќе паднат на површината и тогаш се нарекуваат метеорити.

Брзината со којашто честичките летаат во атмосферата се движи во интервали од 30 до 70 километри во секунда, а светлосната појава, метеорот се создава на висина од 80 до 120 километри во висина.