Вечерва почнува 16. „Танц фест“

40

Под мотото „Потрага по допир“, вечерва почнува 16. издание на „Танц фест Скопје“. Публиката вечер и утревечер, во 20 часот, на отворената сцена во парк МКЦ ќе може да ужива во голем број авторски претстави на македонските кореографи Адријана Данчевска, Ивана Коцевска, Дејан Битровски, Валентино Апостоловски, Ивана Коцевска, Дејан Битровски, Валентино Апстоловски, Ивана Балабанова, како и апсолвентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Бобан Русески, Тереза Лазарев и Сара Цветковска.

Дел од танцовиот маратон, со кој ќе се одбележи 30-тиот јубилеј на македонската современа сцена, ќе бидат и реномираните американски кореографи Меган Бриџ со претставите „Consent“ и „Morphic Resonance“ и Кристина Бонансеа со „GAMER“, кои ќе се претстават пред публиката во живо. Делата на Стивен Петронио, Шамел Питс и Даг Верон ќе се прикажат онлајн во рамки на фестивалот, првпат како дел од програмата
ФОКУС:САД.

На фестивалот првпат ќе биде прикажан и првиот македонски танцов филм „Дома“ на младата кореографка Адријана Данчевска, во продукција на Скопје танцов театар.
Влезот за фестивалот е слободен, но со ограничен број на места, согласно протоколите донесени од Министерството за здравство.

Публиката ќе има можност програмата да ја проследи и онлајн, преку Јутјуб каналот на Танц Фест, како и преку МРТ и локалната ВИС Телевизија Струмица.