Вечерва почнува „Скопје Wine Expo“ на платото пред МОБ

119

Вечерва од 18 часот по 14-ти пат ќе се одржи годинешниот Скопје Wine Expo кој има за цел да ги промовира македонските винарници и нивните вина, со што ги стимулира домашните бизниси и ја поддржува економијата.

На Скопје Wine Expo посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдобрите македонски вина, деликатеси и богата музичка програма.

Од 26-28 септември на платото пред МОБ ( Плоштад „Мајка Тереза“) настапуваат: Ефто Пупиноски и Блага Петреска, Тропико Бенд, Слаткаристика, Ареа, Тоше Проески Трибјут (Александра Јанева и Марко Логаут), Ареа, Нокаут, Криско и Графа од Бугарија, Либеро Бенд и многу други.

На фестивалот ќе има дегустација на сортни вина, голем избор на гурмански специјалитети, вински коктели како сангрија и вино мохито и after work забави кои ќе започнуваат од 18 часот.

Скопје Wine Expo е под покровителство на град Скопје.