Еден од подобрите кошаркари во НБА лигата, Расел Вестбрук, повторно остана сам во тимот на Оклахома. Откако пред три години го напушти Кевин Дурант, кој тогаш се пресели во Голден стејт, сега истото го направи и Пол Џорџ, кој замина во ЛА Клиперс.

Вестбрук уште минатата година потпиша максимален договор со Оклахома на пет сезони, имаше одлична година, постигнуваше во просек по 28 поени на меч, додека во плејофот Оклахома испадна уште во првата рунда.

Џорџ имаше проблеми со рамото, но најмногу критики доби Вестбрук, кој беше надигран од страна на Дамиен Лилард.

Засега останува непознато каде ќе ја продолжи кариерата Вестбрук, кој не е задоволен во Оклахома, а како следни дестинации се споменуваат неколку клубови.

Факт е дека Вестбрук поседува огромен квалитет, а Њујорк се споменува како најсериозен кандидат за неговиот потпис, само прашање е од колку пикови би се откажал за да го донесат Расел во своите редови.

Тука не се исклучува ниту тимот на Мајами, кој го договори Батлер, па покрај него Вестбрук е сосема реална опција. Единствен проблем околу ова сценарио е тоа што Оклахома уште од сега има два пика на Мајами од првата рунда.

Како трета опција се споменува тимот на Орландо, тим во кој сигурно би бил главен играч, што воедно е и една од целите на Вестбрук.