Поранешниот МВП кошаркар во НБА лигата, Расел Вестбрук, ова лето беше трејдуван од Оклахома во Хјустон, а веќе покажа колку е подготвен да се зртвува за освојување на шампионскиот прстен.

Новиот плејмејкер на „ракетите“ во наредните пет години ќе заработи 207 милиони долари, но прифати во првата сезона да добие далеку помала плата се со цел да го растерети буџетот на тимот. Тој во наредната сезона ќе инкасира 38 милиони долари, додека во наредните четири години неговата плата ќе изнесува над 40.000.000.