По пауза од три години полскиот ракоемтен шампион Киелце, се враќа на завршниот турнир во Келн. Полскиот првак го одбрани домашниот терен и ја потврди доминацијата во двомечот против Монпелје (30:22).

Тимот на Талант Душебаев покажа сериозна игра и без проблеми го доби и второто соочување со шампионот во Лигата на шампионите од пред четири години. Победникот беше одлучен уште во првиот дел од денешната средба. Домаќинот одржуваше позитива во текот на сите триесет минути, а во завршницата врза четири гола во низа по што беше јасно кој ќе излезе како победник од овој дуел.

Најефикасен во победничкиот тим со седум гола беше Каралек, а доби помош од Турна и Нахи кои завршија со четири погодоци. Кај гостинскиот тим најефикасни беа Бос со седум и Симоне со три реализации.

Пласман на завршниот турнир обезбед и тимот на Веспрем и покрај тоа што загиби од Алборг 37:35. Причина за пласманот на Веспрем на Ф4 се должи на  убедливата победа на првиот меѓусебен дуел во Унгарија од седум гола разлика.

-Честитки за Алборг за победата во денешниот натпревар. Ова беше добар натпревар и затоа сум навистина многу среќен за моите играчи. Минатата сезона не успеавме и затоа сега сме среќни што повторно сме на Ф4, изјави тренерот на Веспрем, Момир Илиќ.

Најефикасни кај Веспрем со по шест гола беа Кентин Мае и Лауге Шмид, додека кај Алборг, најистакнати беа Бјорнсен и Јул-Ласен со по девет постигнати погодока. На овој меч Дејан Манасков, не се запиша во листата на стрелците.