epa09874169 Petar Nenadic (C) of Veszprem in action against Vardar players Bakary Diallo (L) and Jeremy Toto (R) during the EHF Champions League playoff, second leg handball match between Telekom Veszprem and Vardar Skopje in Veszprem, Hungary, 06 April 2022. EPA-EFE/Tamas Vasvari HUNGARY OUT

Српскиот ракометар Петар Ненадиќ е даден на дисциплинска постапка во Веспрем и нема да може да биде со екипата во наредниот период. Искусниот ракометар имаше незадоволство на натпреварот против Магдебург во Лигата на шампионите и оттогаш не е во составот. Очигледно, не е добар односот на релација Ненадиќ – Момир Илиќ, за тоа се пишува и во Унгарија.

Ненадиќ не бешево составот на Веспрем за натпреварот против Порто во Лигата на шампионите, а така ќе биде се додека не заврши дисциплинската постапка. На големо се пишува и за трансфер на Ненадиќ, надвор од Веспрем ова лето. Можна дестинација е романскиот првак Динамо Букурешт.

Веспрем на мечот со Порто во чии редови игра и македонскиот репрезентативец Никола Митревски, триумфираше минимално со 32:30. Митревски на овој дуел не доби голема минутажа, забележа само една одбрана од вкупно три шута додека беше меѓу стативите.

Екипата на Киелце успеа да го совлада Нант на гостински терен (30:33) и така тимот му избега на ривалот во битката за подобар пласман на табелата во Лигата на шампионите.  ПСЖ на Раул Гонзалез победнички си замина од Плок од кај Висла (26:32), додека Динамо Букурешт дома го совлада ГОГ Гудме (30:27) и се изедначи со него на табелата во битката за едно од нокаут-местата.