Унгарскиот ракометен гигант Веспрем, не беше многу активен во летниот преоден рок, но затоа пред крајот на оваа календарска година почна да договара нови засилувања. По се изгледа дека на новиот тренер Србинот Момир Илиќ му требаше време да го испипа пазарот и да види кои ракометари може да се уклопат во тимот кој посотјано игра на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, но никако не може да гои направи последниот чекор -освојување на шампионскиот пехар.

Нови членови на поранешниот европски вицешампион се бидат египетскиот среден бек Јахија Елдера, белоруското десно крило Микита Ваилупв, како и еден од најнадежните унгарски ракометари Герго Фазекаш.

Веќе на големо се зборува и за тоа дека оваа листа на засилувања ќе биде збогатена со новиот српски ракометен репрезентативаец и член на францускиот Нант, Драган Пешмалбек. За одличниот кружен напаѓач бил заинтересиран и францускиот шампион ПСЖ, но Пешмалбек наводно одлучил да се пресели во Унгарија, во клуб каде што ќе добие поголема минутажа во Лигата на шампионите.

Во Веспрем настапува и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков. Но, левото крило пред еден месец ги повреди лигаментите на коленото и беше подложен на хиршка интервенција поради која ќе го пропушти остатокот од сезонакта како и Европското првенство, кое од 13 до 30 јануари ќе се одржи во Словачка и Унгарија.