Пејачката Весна Ѓогани наиде на навреди од Анабела Буква која јавно во „Задруга“ изјави дека неа ја собрале под мост. По тој повод таа на својот Инстаграм објави фотографии и статус во кој го опишува нејзиното детство.

Мостот од нејзиното детство

View this post on Instagram

Ovo je moj most. #djogani

A post shared by Djordje Djogani (@djoganivesna) on

 

– Јас сум Весна Ѓогани. Мојата улуца е Облаковска 43. Тука сум родена. Тука пораснав. Во мојот двор ги имав првите концерти. Тука започна мојата кариера и мојот сон. Ова е мојот мост. Мостот на моето детство каде си играв. Над нас преку мостот секоја недела поминуваа навивачите на Ѕвезда и Партизан и гласно навиваа. Секојдневно се слушаа звуците на трамваите, а на нас децата тоа ни делуваше како да слушаме убава музика. Сега некој го извалка мојот мост и моето детство. Нечии усти го извалкаа детското срце и сон. Да, бев сиромашна, но со големи сонови. Зарем некој може да те осуди само поради тоа што си живеел под мост. Поради тоа дојдов да му се извинам на мојот мост кој знае која сум јас. Тој знае кои се моите соништа. Исто така знае дека никој не ме собрал, туку тој ми го покажа патот по кој да одам и да бидам тоа што сум денеска. Успешна и мирна жена со многу љубов околу мене. Со публиката која се радува со мене, а понекогаш плаче. А, мојот глас ги смирува. Сега сум смирена бидејќи ги добив сите одговори. Мојот мост. Мојата љубов. Моето детство – порача Весна на нејзиниот Инстаграм. (М.А)