Македонската ракометна репрезентација со два порази од Словенија и Црна Гора останаа без шанси за пласман во главната фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка, а селекторот Кирил Лазаров, вели дека знае што треба за понатаму за репрезентацијата да бележи подобри резултати, но и дека ја прифаќа секоја критика.

Уште когаме поставија за селектор јас ја имав идеата за тоа како треба да изгледа репрезентацијата. Поразите секако дека болат, но морам да кажам дека за она што се подготвувавме и требаше да настапиме комплетни како што настапувавме во квалификациите не ни успеа. Оваа репрезентација не е иста без Мансков, Лазаров, Стоилов, Митревски, Маркоски, Ојлески, без невакцинираните. Ова не е алиби, но планот беше да дојдеме комплетни и да им се спротиставиме на сите. Се случи тоа што се случи. Првиот натпревар против Словенија гордо го загубивме, со многу борба што можеби доведе да играме така као што игравме против Црна Гора. Се виде дека Црногорците се мотивирани, а кога ќе се види и во кои клубови играат, тие се во предност. Двапати го погледнав атпреварот и на добар пат сме, оптимист сум и прифаќам критика и имама што да им кажам на играчите. Почнуваме од нула, но за кус период ќе разговараме, кој грешел, каде грешел и зошто е направено. Верувам во нив, веројатно повеќе и од тоа колку тие самите веруваат во себе, изјави Лазаров и додаде:

-Им недосатсува победнички менталитет. Велат се раѓате со таков менталитет, но спортот оди напред. Не велам дека го немаат , туку дека може да им се вгради. Бевме близу до победа, но грешвме сите, дури и јас грешев и свесен сум дека треба да се попрват. Можеби треба да почеме од почеток да играме еден бараж, втор бараж ида се компетираме, заврши најдобриот македонски ракометар

Македонија синоќа го одигра последниот натпревар на шампионатот против Данска, а веќе денеска се враќа дома. Ова е вторпат нашата репрезентација да не ја мине групата, истото се случи и пред две години во Австрија. Поради раната елиминација од ЕП, Македонија ќе игра бараж за СП 2023, а противникот ќе биде познат по завршувањето на континенталниот собир.