Верувале или не: Се продава креветот на Уснија Реџепова на кој го испуштила последниот здив

735

Родум од Скопје, Уснија Реџепова живеела во Белград каде и починала, но таа немаше свои деца па, сега се што стекнала во кариерата, се продава, судејќи според огласите кои се појавиле деновиве во српските медиуми

Не постoи тој кој не знае за славната пејачка Уснија Реџепова која инаку е родум нашата Скопјанка (не била ни во какви роднински врски со Есма Реџепова и ако двете имале една дуетска песна), а цел живот работела и живеела во Белград. Секако дека ги памтиме нејзините хитови “Казуј крчмо Џеримо“, “Животе мој“, “Расуле се косе моје“, а ја памтиме и по улогата во “Коштана“. За жал, почина пред пет години од рак. Таа немаше свои деца, па по нејзината смрт, најблиските роднини наследија сè она што таа го имаше стекнато низ годините.

Уснија со својата секогаш драга Есма

А, Уснија стекнала премногу. Од сите страни на светот секогаш носела скапи работи за кои потоа емотивно се врзувала бидејќи секоја купена работа ја потсеќала на некоја од турнеиите, на некоја од светските метрополи, на некои драги луѓе. Но, сега, целата српска јавност, а според пишувањето на тамошните медиуми е шокирана со потегот од луѓето кои се решиле сето тоа што го имала славната пејачка, да го продаваат и секако да заработат од продаденото.

Имено, на еден профил на социјалната мрежа Фејсбук е објавен оглас во кој се продаваат антиквитетите на Уснија Реџепова, како и нејзиниот омилен клавир за кој особено била најмногу емотивно врзана. Знаела да свири на клавир и често ги забавувала своите гости.

Оваа продажбa можеби, на крајот од краиштата и не би бил некој проблем, доколку во огласот не би стоело дека се продава и креветот на кој славната пејачка го испуштила последниот здив. Бизарно, ќе се сложите, нели? Секој што сака да ја дознае цената на овие предмети, ќе мора да му се обрати на агентот за продажбата.    Д.М.      фото:Јутјуб, Инстаграм