Познатата балканска пејачка, која е доста популарна и во Македонија, Неда Украден е на суд! Но, не поради некој скандал со некој од колегите или поради некој текст, туку верувале или не, таа ја тужи Република Хрватска.

Во тужбата се наведени и нејзиното родно место Имотски, како и поблиски и подалечни челенови од семејството. Неда бара да добие дел од имотот што и е оставен од нејзиниот дедо за кој смета дека и припаѓа, а кој сега е присвоен од некои други луѓе.

Неда често летува на хрватскиот дел од Јадранско Море и ако има голема куќа на Црногорското приморје во Лепетане

Неда има право на тоа, таа е воедно и државјанка на Хрватска, родена е во тоа хрватско место Имотски, но потоа нејзините родители се селат за Сараево. Во времето на војната во Југославија, Неда со семејството го напушта Сараево и заминува за Белград каде и денес живее, со ќерката, зетот и внуците.

Неда се надева на правичноста на хрватскиот суд. Не сакала веќе да молчи за овој свој случај,бидејќи тужените не сакале по мирен пат да и го дадат дел од имотот, па тоа им го раскажала на новинарите, за да се дознае дека е жена која секогаш инсистира на правдата.  Д.М. фото:ФБ-Јутјуб