Веруваа дека се први што се справија со короната, сега се во локдаун

1664

Се поголемиот број новозаразени со делта сојот на Нов Зеланд, го натера министерот за образование Крис Хипкинс јавно да ја доведе во прашање ефикасноста на стратегијата на земјата во борбата против коронавирусот, бидејќи овој нов сој го демантираше нивното верување дека пронашле начин да ја запрат пандемијата.

Крис Хипкинс смета дека сегашната доминација на делта сојот на вирусот меѓу заразените доведе до ненадеен пресврт и сериозно ја потресе сигурноста на Владата, која веруваше дека ги држи конците во свои раце, пренесува „Гардијан“

Делта-сојот на коронавирусот „менува се од корен“ и ги прави постојните мерки за заштита „многу помалку соодветни“, вели Хипкинс, а доаѓањето на делта варијантата „донесе некои многу големи прашања“ за одговорот на пандемијата во Нов Зеланд.

Хипкинс за локалните медиуми изјави дека елиминацијата на вирусот останува цел на новозеландските власти.

„Реалноста ни кажува дека вирусот се шири 24 часа откако лицето ќе се разболи и тоа значително менува се од корен. Тоа значи дека сите наши постоечки заштитни мерки почнуваат да бидат многу помалку адекватни и слаби, што отвора големи прашања за долгорочните планови“, нагласи Хипкинс.

Во изминатите шест месеци нема ниту еден заразен во Нов Зеланд, но властите неодамна воведоа строго затворање, откако во Окленд беше откриен еден заразен со делта сојот на корона вирусот.

Тестовите покажаа дека првиот случај на делта сојот на вирусот го донесе лице кое се вратило од Австралија. Се уште не е познато како вирусот се пренел од патникот кој бил во карантин, во заедницата.

Претходно овој месец, премиерката на Нов Зеланд, Џcасинда Ардерн најави повторно отворање на границите и рече дека земјата ќе продолжи да ја спроведува сегашната стратегија за борба против коронавирусот, додавајќи дека тоа не гарантира дека нема да има случаи во државата, но дека, како ако се појави некој, ќе биде излечен брзо.

Сепак, Нов Зеланд имаше доволно време да смисли нова стратегија, бидејќи веќе два месеца гледа како целиот азиско-пацифички регион успешно се бори против делта сојот. Хонг Конг, Австралија, Кина, Тајван и Сингапур сите го елиминираа вирусот или се блиску до тоа.