Вертонген веќе во јануари

120

Италијанскиот калчо гигант Интер ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Јан Вертонген.

Централниот дефанзивец на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч и поради таквата ситуација, Вертонген ќе биде продаден за време на зимскиот преоден рок. Од неговата продажба, раководните лица на Тотенхем очекуваат заработка не помала од 15 мил. евра.