Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на САД, на патеката во Остин.

Холанѓанецот извозе најдобро време во квалификациите, од 1:32.910 минути и беше за 0.209 секунди побрз од најголемиот конкурент за титулата, Луис Хамилтон од Мерцедес.

Од третата позиција ќе стартува вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, додека четврто најбрзо време имаше Валтери Ботас од Мерцедес но поради замена на моторот ќе стартува од деветтата позиција.