Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, ќе стане најплатен возач во Формула 1. Имено, како што велат од Ред Бул, тие подготвиле фантастична понуда од 50 милиони евра годишно за својот возач.

Сакаат да го задржат светскиот првак до крајот на неговата кариера и заедно да освојат уште многу титули.

Сегашниот договор на Верстапен со Ред Бул изнесува 25 милиони евра и истекува следната година.