Верстапен: Хамилтон е еден од најголемите во историјата на Ф1

36

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен искажа комплименти за големиот ривал Луис Хамилтон, но и за другите кандидати за највисок пласман во претстојниот шампионат.

– Хамилтон е еден од најголемите возачи во историјата. Секако, ако машината дозволи, тој е способен повторно да се бори за титулата. Но, истото важи и за Џорџ Расел, Шарл Леклер и Нандо Норис. Ако им дадете добар болид што може да го освои шампионатот, тие можат да го направат тоа. Сепак, со таква машина доаѓа притисок – не можете да направите сериозни грешки. Во исто време, сигурен сум дека сите овие момци имаат доволно талент за ова“, изјави Верстапен.

Триесет и осумгодишниот Хамилтон има седум титули, додека Верстапен од Ред Бул ги освои последните две шампионски титули.

Новата сезона во Формула 1 ќе почне првиот викенд во март со трката за Големата награда на Бахреин.