Холандскиот пилот од редовите на Ред Бул, Макс Верстапен му го задеде првиот удар на актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон. Тој победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Возачот на Ред Бул ја прекина доминацијата на Мерцедес и најави дека може да се бори за шампионската титула оваа сезона.

За сето ова е сфесен и седумкратниот светски шампион Хамилтон, кој вели дека неговиот тим мора да внимава и да не се опушта, за да не биде изненаден на крајот од годината.

-Сакам кога трките се вака интересни. Јас се плашев да не ми експлодира гумата, па не форсирав. Макс беше одличен и заслужено победи. Мене ми се допаѓа што имаме толку близок конкурент. Тоа го прави шампионатот интересен и забавен, а за мене е предизвикувачки, изјави Британецот.

Следната трка е веќе оваа недела кога најдобрите пилоти ќе се преселат во Барселона. Верстапен со победата сега е на второто место во генералниот пласман со 30 бода помалку од актуелниот шампион.