Со една непромислена изјава, Макс Верстапен, успеа да го навлече гневот кај навивачите на Формула 1. Еден од најдобрите возачи на денешницата е критикуван од јавноста поради коментарите што ги имаше за својата девојка Кели Пике, ќерка на поранешниот трикратен светски шампион, Нелсон Пике, и поранешната сопруга на рускиот возач Данил Квијат.

Во видео разговор со фановите, актуелниот лидер во шампионатот, меѓу другото, беше прашан што е најдоброто купување во неговиот живот, а коментарот предизвика многу реакции.

  • Мојата девојка, истакна Верстапен со насмевка, што предизвика бурни реакции.

Фановите на Интернет бараат казна за Макс Верстапен за овој коментар и сакаат осуда за овој сексистички испад, а некои отидоа дотаму што предложија Ред Бул да го отпушти возачот кој оваа сезона се бори за шампионската титула и има добри шанси да ја запре доминацијата на Луис Хамилтон.

Остануваат уште шест трки до крајот на сезоната во Формула 1, а наредната ттрка ќе се вози следниот викенд во САД, на патеката во Остин, Тексас.

Верстапем моментно води шест бода во однос на актуелниот шампион Луис Хамилтон, а дали овој коментар и реакциите на фановите ќе го раздрмаат, останува да видиме.