Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, призна дека успесите на Луис Хамилтон во Формула 1 се импресивни, но тоа него лично не го импресионира и покрај тоа што возачот на Мерцедес во недела во Сочи може да го израмни рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа во кариерата, а на добар пат е и да се израмни по бројот на титули (7) во шампионатот со легендарниот Германец.

  • Да, импресивно е да се освојат толку многу победи и титули и тоа не е лесно. Но, јас искрено воопшто не размислувам за тоа, туку си ги гледам само моите трки. Не ми е грижа со кого се борам и колку тој човек има победи и титули, истакна Холанѓанецот.