Верстапен ме потсетува на Михаел Шумахер

37

Директорот на Формула 1, Рос Браун, беше импресиониран од начинот на кој Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) триумфираше на ткрата за ГН на В, Британија, на патеката во Силверстон

Возачот на Ред Бул триумфирапе на легендарната патека и со тоа ја прекина серијата на Мерцедес.

-Макс беше сензационален. Тој ме потсетува на седумкратниот сбетски шампион Германецот Михаел Шумахер. Кога го слушате што зборува јасно ви е дека има капацитет. Особено ми се допадна кога кажа дека сака да вози како баба кога екипата од него побара да припази на гимите, изјави Браун.

-Очигледно е дека болидот не ги претставуваат границите на Верстапен. Тој чувствува што треба да работи, совршено реагира. Се сеќавам на неговите први денови во Формула 1, сега созреа во перфектен возач, додаде Браун.

Браун соработуваше со Шумахер кога тој возеше за Бенетон и Ферари, како и подоцна во тимот на Мерцедес.