EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Двократниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, стана рекордер по број на победи во Ред Бул. Успехот на Големата награда на Монако го стави Верстапен пред четирикратниот шампион Себастијан Фетел во победите со австрискиот тим. Макс освои 39 победи (сите за Ред Бул), Себастијан освои 53 во Ф1, од кои 38 со австрискиот тим.

Само двајца возачи почесто победувале со ист тим: Луис Хамилтон во Мерцедес (82) и Михаел Шумахер во Ферари (72).

Дополнително, Верстапен стана седмиот возач во историјата на Формула 1 кој ја поминал границата од 2000 круга во водство, додека Ред Бул со 5.672 се искачи на 5.место пред Лотус со 5.624 во оваа статистичка категорија.