Поранешниот пилот во Формула 1, Јос Верстапен, најави дека неговиот син Макс ќе размисли добро дали да остане во редовите на Ред Бул и по крајот на неговиот договор кој истекува наредната година. Талентираниот Холанѓанец е прва виолина во австрискиот тим, откако во последните сезони се покажа одлично, но сепак Јос вели дека не е незамисливо да заврши во друг тим.

  • Според тоа што го знаеме досега, добро е Макс да остане во Ред Бул, но секогаш го следиме развојот на работите. Мислевме дека ќе имаме подобра шанса оваа година, но Мерцедес пак имаат најбрз болид. Според тоа што го гледаме, Макс најверојатно нема да победи оваа година на ниту една трка, вели Јос во интервју за холандскиот „Де Телеграф“.

За Верстапен секако би биле заинтересирани речиси сите тимови во Ф1, но посебна врска имаат со тимот на Мерцедес, бидејќи Јос Верстапен и шефот на „сребрената стрела“, Тото Волф се добри пријатели.