Над 260 000 Муслимани се собраа на петочна молитва, последна пред празникот Рамазан во џамијата Ал-Акса во Ерусалим.

Верниците се собраа на молитва во огромен број и покрај затегнатоста на односите меѓу Палестинците и Евреите во Ерусалим.

На само неколку часа пред молитвата 16-годишен Палестинец со нож нападна жена и момче во стариот дел на Ерусалим, за потоа терористот да биде застрелан од полицијата.

На молитвата во Ал-Акса имаше верници како од Израел така и од други земји кои учествуваа во традиционалната пладневна молитва во последниот петок пред празникот Рамазан.