Вернер опција во нападот

101

Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Ливерпул, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на најдобриот фудбалер во дресот на германскиот бундеслигаш Ред Бул Лајпциг, Тимо Вернер.

Иако пред неколку недели изјави дека сака да ја продолжи соработката со Лајпциг, се погласни се шпекулациите дека репрезентативецот на Германија ќе биде продаден на крајот од актуелната сезона. Младиот напаѓач е проценет на 40 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажаа челниците на Баерн (М).