Вернер опција во нападот

37

Новите сопственици на англискиот премиерлигаш Њукасл ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на германскиот интернационалец од редовите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Челзи, Тимо Вернер. Брзоногиот напаѓач постојано е критикуван поради лошата ефикасност и затоа се погласни се шпекулациите дека ќе си замине од „Стемфорд Бриџ“ за време на зимскиот преоден рок.