Вернер не сака во Ливерпул

26

Поголемиот дел од германските медиуми ја пласираа и информацијата дека најдобриот фудбалер во редовите на РБ Лајпциг, Тимо Вернер, се откажал од својата намера да направи трансфер во редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Ливерпул.

Со месеци се пишуваше дека Вернер ќе биде прва летна аквизиција на Ливерпул, но сега германските медиуми информираат дека младиот напаѓач сака да игра за Баерн (М) и дека баварскиот гигант ќе одвои околу 60 мил. евра за неговото обештетување.