Компанијата „Космос“, чиј сопственик е фудбалерот Жерард Пике, го објави името на новиот директор на овогодинешниот Дејвис куп. Тоа е поранешниот шпански репрезентативец Фернандо Вердаско. Поранешниот директор Алберт Коста се повлече од лични причини.

Оваа функција привремено ќе ја врши Вердаско. Најдобар пласман на тенисерот од Мадрид на АТП ранг листата е седмото место, додека во Дејвис Купот со Шпанија славеше во три наврати – во 2008, 2009 и 2011 година.

-Возбуден што ќе се приклучам на тимот на „Космос“. Ова е специјален турнир. Играте како тим и се натпреварувате за својата земја, рече Вердаско.

Финалните турнири на Дејвис купот годинава ќе се одиграат од 25 ноември до 5 декември во Мадрид, Торино и Инсбрук.