Старо-новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, со големо внимание ја следи ситуацијата околу италијанскиот интернационалец од редовите на францускиот гигант ПСЖ, Марко Верати. Искусниот играч за врска повеќе нема статус на недопирлив и затоа ќе му биде дозволено да ја промени клупската средина ова лето доколку официјалната понуда за неговото обештетување не биде помала од 60 мил. евра.