Министерството за надворешни работи на Венецуела соопшти денеска дека ќе ги протера од земјата дипломатите на Салвадор, бидејќи таа централноамериканска држава решила да ги протера дипломатите што го претставуваат венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Во соопштението се наведува дека дипломатите на Салвадор имаат рок од 48 часа да ја напуштат земјата.

Салвадор претходно денеска им нареди на венецуелските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, соопштија властите.

Како што се наведува, одлуката е донесена во согласност со ставот на таа земја дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро нема легитимитет.

Во соопштението е посочено дека владата на Салвадор го призна лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела се додека земјата не одржи слободни избори.