Венгер ја одби Барса

60

Каталонските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на Барселона оствариле контакт со францускиот стручњак Арсен Венгер, на кого му била понудена тренерската функција на „Ноу Камп“. Состанокот бил одржан пред неколку дена во Барселона, но легендарниот менаџер на Арсенал ги информирал клупските челници на каталонскиот гигант дека не е заинтересиран за тренерската функција. Актуелниот тренер на Барса, Кике Сетиен сигурно ќе добие отказ на крајот од сезоната.