Легендарниот велшки рагбист Герет Томас се најде на суд откако беше тужен од неговиот поранешен партнер Јан Баум. Баум тврди дека Томас и го пренел ХИВ вирусот!

Тој тврди дека еден од најдобрите рагбисти од неговата генерација „не успеал да биде одговорен и да го извести дека е заразен со ХИВ вирусот, на што Томас одговара дека тоа не е точно.

Тие двајца беа во врска од 2013 до 2018 година, иако неколку пати раскинуваа. Томас сега има 48 години, Баум 59 и по долгата врска се на суд. Обвинителот тврди дека велшкиот рагбист дознал дека е ХИВ позитивен два месеци откако започнал врска со Баум, а извори блиски до Томас инсистираат на тоа дека обвинението е „измислено“.

Герет Томас има легендарен статус не само во рагбито, туку и во геј заедницата. Тој беше во брак од 2001 до 2009 година, а кога се разведе пред почетокот на последната професионална сезона, јавно призна дека е хомосексуалец и дека е еден од првите разведени што го сториле тоа.

Сега на суд неговиот поранешен партнер Јан Баум, бара 200.000 евра отштета, а многу е можно повеќе да бара по основ на душевна болка, нанесување физички и психички повреди…