Велика Британија санкционираше уште 22 руски фунционери

23

Велика Британија воведе денес санкции за 22 руски службеници поради нивното заложување за делумна мобилизација.

Британија на тој начин на списокот на санкционирани лица ги додаде заменикот на премиерот на Русија и министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров, директорот на федералната казнено-поправна служба Аркадиј Гостев и претседателката на Централната изборна комисија Ела Памфилова, пренесе ТАС С.

Министерството за надворешни работи на Велика Британија соопшти дека санкциите се воведени кон Денис Мантуров бидејќи е „одговорен за надзор на руската индустрија за оружје и за опремувале на моблизирираните трупи“.

Во соопштението Министерството наведува дека против Памфилова и председателот на изборната комисија на Ростовската област Андреј Буров санкциите се воведени затоа што организираа референдуми во самопрогласените народни републики ДНР и ЛНР и во Херсон и Запорожје, а се наведува дека Памфилова оттогаш активно ја поддржувала принудната мобилизација во Русија.