Велика Британија планира учениците да ги врати во училиштата на 8 март

52

Училиштата во Велика Британија повторно ќе бидат отворени на 8 март како дел од „претпазливиот план“ за укинување на епидемиолошките ограничувања, пренесува денеска Би-Би-Си.

Премиерот Борис Џонсон ќе го претстави денеска пред  министрите и пратениците конечниот план за укинување на ограничувањата. Се очекува тие да бидат укинати во фази.

Во првата фаза училиштата треба да се отворат на 8 март, за кога е планиран и почеток на спортски активности на отворено.

Потоа, ќе се дозволи рекреација во парковите, за најмногу две лица. Исто така, ќе им биде дозволено да седнат на пијалок или пикник.

Планот е до шест лица или две домаќинства да можат да започнат средби на отворено од 29 март.

Од крајот на март, исто така, се планира на Британците да им биде дозволено повторно да одат надвор од областа во која живеат, но со забрана за ноќевање, но сепак ќе се препорача престој во локалната средина.

Извор:МИА