Велика Британија му го одзеде признанието за придонес во филмската индустрија на продуцентот Вајнштајн

106

Велика Британија му го одзеде признанието на продуцентот Харви Ванштајн за придонес во британската филмска индустрија, што го доби во 2004 година.

Поранешниот холивудски продуцент во март е осуден на 23 години затвор поради силување и сексуално вознемирување на две жени.

Тој карерата ја заврши во 2017 година откако неколку десетици жени од движењето „МиТу“ (MeToo) го обвинија дека сексуално ги вознемирувал ветувајќи им за возврат кариера.

Движењето е глобално и бара моќните мажи да одговараат за своите сексуални престапи.

Извор:МИА