Велика Британија ги советува своите граѓани да не патуваат во Русија

28

Велика Британија денеска ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија поради недостиг на достапни опции за летови и зголемената економска нестабилност.

– Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) советува да не се патува во цела Русија поради недостиг на достапни опции за летови за враќање во Британија и зголемената нестабилност во руската економија, се наведува во соопштението на Форин Офисот.

Вредноста на рубљата значително се намали во последните денови, а има информации дека голем број луѓе се обидуваат да ги повлечат своите заштеди од руските банки, соопшти Форин Офисот