Велигден втор пат во Романија, литургија за оние што ја пропуштија

73

Романскиот епископ Теодосиј синоќа ја повтори велигденската литургија за оние кои не можеа да присуствуваат во април поради мерките за изолација воведени поради пандемијата со Ковид-19.

Епископот рече дека литургијата се повторува за православните верници кои пандемијата ги спречи да присуствуваат на велигденската литургија на 19. април.

Ги изведе главните делови од обредот и на верниците им даде причесна со иста лажичка и покрај здравствените предупредувања.

Свечената литургија, која во медиумите се нарекува Велигден втор пат, го привлече вниманието на помал број верници во катедралата во Констанца, а луѓе имаше и во другите цркви во овој црноморски град.

Патријархот на Романската православна црква рече дека Теодосиј дејствувал автономно и дека велигденските литургии се извршиле без верници поради здравствен ризик.

Санкции поради постапката на епископот веројатно нема да има, а тој е познат по тоа што и претходно ја спроведувал својата волја. Околу четири петтини од населението во Романија се православни верници.