Велешката болница доби санитетско возило

103

Санитетско возило за транспорт на пациенти доби велешката Општа болница. Донацијата вредна 20 илјади евра денеска беше предадена од страна на генералниот директор на „Дрекслермаер” Лукас Мирингер на директорот на болницата Божидар Бојаџиев.

Директорот Бојаџиев истакна дека возилото ќе биде од големо значење за пациентите од поширокиот регион.

Возниот парк на велешката болница досега беше минимален со две санитетски возило од кое само едното беше во функција, а второто по сообраќајната несреќа од пред скоро една години оттогаш стои расипано на паркингот за ремонт. Така што сега со новото возило. велешката Општа Болница го збогати возниот парк на три возила, а ќе има во возна состојба на располагање две санитетски возила-комбе за итни случаи, рече Бојаџиев.

Генералниот директор на „Дрекслермаер” во Лукас Мирингер најави дека нивната компанија останува партнер на овој регион и дека и во наредниот период ќе реализираат и други проекти, а особено во Велес, бидејќи 750 нивни вработени во „Дрекслермаер” се од Велес.

Директорот на ЈЗУ Општа болница Велес др Божидар Бојаџиев го информира својот гостин дека велешката болница е една од најстарите во земјава основан во далечната 1907 година како Воена турска болница. Сегашната зграда на болницата е изградена во 1967 година и оттогаш досега претрпува повеќе измени заедно со последните реновирања од пред две години.

Неодамна ЈЗУ Општа болница од Велес доби акредитација за три години како Регионална болница, а која опслужува 10 проценти од населението во земјава: пациенти од Велес и Велешко, заедно со општините Градско и Чашка, Неготино, Демир Капија и дел од населението на Кавадарци