Велешанка ги истепала свекрвата, синот, сопругот, а на крај нападнала и полицаец

120

Вистинска семејна драма се случувала во вторникот вечера во Велес, откако жена нападнала три лица од своето семејство и тоа сопругот, синот и свекрвата, а кога дошле полицајците нападнала и еден полициски службеник.

Според полициски извори кои ги објави Пресс24 во вторникот околу 19.35 часот полицијата уапси 40 годишна велешанка.

По кратка расправија жената, физички ја нападнала нејзината свекрва, нејзиниот малолетен син и сопругот.

– При интервенција на полициските службеници, В.З. физички нападнала и еден од полициските службеници“, рекле од полицијата за „Прес24“, од каде што најавуваат и пријава.