Вела позајмен четири месеци

101

Каталонскиот гигант Барселона, најверојатно, ќе биде следната дестинација на мексиканскиот интернационалец од редовите на американскиот прволигаш Лос Анџелес, Карлос Вела.

Актуелниот шампион на Шпанија сака да го позајми поранешниот фудбалер на Реал од Сосиедад и на Арсенал на четири месеци и тоа како замена за уругвајскиот интернационалец Луис Суарез. Дека има вистина во ваквата информација потврди и самиот Вела кој изјави дека не би можел да ја одбие понудата да игра покрај капитенот на Барса, Лионел Меси.