Веки Веца Змијанац сака за 30 години да биде помлада: ќе ги “брише“ брчките!

225

Многу популарната српска и поранешна JУ-фолкерка Весна Змијанац зад која останаа не броено многу хитови, деновиве заминува кај одбраните хирурзи каде што ќе си ја купи новата младост. Весна е поодамна разочарана со својот физички изглед, особено со неброено многу брчки кои ги има на лицето, па сега сака со помош на современата медицина да си ги “избрише“, за да изгледа за 30 години помладо. – Кога едно сабајле се разбудив нервозна погледнувајќи се во огледало сфатив дека морам итно “под нож“! Во тоа нема ништо страшно, ниту срамно. Јас сум популарна личност која мора да држи до својот изглед, а со тоа го покажувам и почитувањето кон мојата публика, која секако не сака да ме гледа вака “изгужвано“, вели Весна која верува дека одбрала вистинска клиника за пластична хирургија. Нам ни останува да се стрпиме и да ја дочекаме со раширени раце популарната Веца за 30-тина години помлада. Ќе ни биде многу мило! Д.М.