Откако сними неколку епизоди од гледаното ТВ-ток шоу „Голден карпет“, згодната водителка Ведрана Ѓорѓевиќ отпатува за да одмори. Ги спакува куферите и се упати кон една од далечните, но и најпосакувани егзотични дестинации. Директно на Малдиви, каде што, инаку, летуваат многу популарни светски и ексјугословенски личности, од Мадона, преку Северина, до Лепа Брена. Можеби, Ведрана не е некоја од нив, а и не е нели, сепак, таа е наша позната личност и штом е во таа категорија, логично дека ѝ прилега едно такво место за летување. Но, не е сама. И на што би личело тоа на Малдиви да е сама? Ви се молам!

Таму е со некое црномуресто момче за кое домашната јавност засега ќе шпекулира кое е, за кого станува збор. Доволно е тоа што Ведрана нè почести со фотографија на која, на зајдисонце, е во жешка прегратка на момчето. Дали ќе се роди вистинска љубов меѓу нив, или е родена или тој е таму само да ѝ биде добро друштво на момата Македонка, многу наскоро ќе дознаеме, впрочем како и за сите наши познати. Уживај, Ведрана, парите се за трошење и во време-невреме. За зимата, снегот и за скапата струја ќе мислиме потоа. Далеку се јануари и февруари, а и тогаш се оди на Малдиви, со тие пари, нели?! Кој се има „изгорено“ на Малдиви, на друго место нема! (Д.М.)