Вдомени рекордни 20 кучиња од стационарот на  ЈП „Лајка“

586

Јавното претпријатие „Лајка“, месец март го заокружува си рекордни 20 вдомувања на кучиња од нивниот стационар.

-Заедно градиме култура за вдомување на бездомни кучиња. Дваесет скопски семејства ги отворија вратите од своите домови и станаа дел од нашето големо семејство. Дваесет бездомни кучиња и 20 вдомувачи си ги подарија своите срца и сега чукаат како едно. Дваесет бездомни души кои талкаа по скопските улици, денес имаат покрив над глава, имаат свое легло, редовен оброк, многу љубов, внимание и гушкање-велат од „Лајка“.

Од претпријатието се заблагодаруваат до сите кои активно се вклучени во нивната мисија и ги охрабруваат сите кои сакаат и можат да вдомат да аплицираат на vdomi@lajka.com.mk.