Во Бургас се преврте туристички автобус, има повредени

219
Фото:МВР Бургас

Tуристички автобус попладнево се преврте на автопатот „Тракија“ во близина на селото Булгарово во регионот на Бургас, јави БТВ. Според првичните информации Ннема загинати, а 14 лица се повредени. Нема опасност по нивните животи. Сите пациенти се примени во Бургас и се свесни.

Од повредените во несреќата, 14 лица се примени во УМБАЛ Бургас, изјави за БТВ д-р Бојко Миразчииски, директор на УМБАЛ Бургас.

„Сите се контактибилни, во стабилна состојба. Нема пациенти во животнозагрозувачка состојба. Повредите се главно во главата, градниот кош и екстремитетите. Има пациенти со отворени повреди на кои се лекуваат. Сите повредени ќе останат во болница за набљудување“, додаде тој.